Која книга да ја прочитате следна?
Лола и момчето од соседството (Стефани Перкинс) Надежната дизајнерка Лола Нолан не верува во мода… таа верува во костим. Колку поизразита облека – посјајна, позабавна, полуда – тоа подобро. И животот, во тој свет на Лола, особено со нејзиниот дечко, сексипилниот рокер, е скоро совршен. Така и е, се додека во нејзиното соседство не се вратат ужасните близнаци Бел, Калиопи и Крикет и не го откопаат болното и навредливо минато за кое Лола мислеше дека е одамна закопано…
Девојката од возот (Пола Хокинс) Рејчел секој ден патува со истиот воз и поминува покрај куќата во која некогаш живеела, се потсетува на животот што неповратно го изгубила. Меѓу многуте удобни приградски куќи, погледот секогаш и се задржува на една во која живее среќна брачна двојка – двајца млади, убави и навидум среќно вљубени сопружници. Меѓутоа, реалноста е далеку од таа идеалична слика, а Рејчел набрзо ќе дознае што се крие зад затворените врати на совршениот дом.
Без излез (Тејлор Адамс) Додека брза да се врати дома на празниците, Дарби Торн поради снежната бура е принудена да скршне од патот и да запре на едно одморалиште среде планините во Колорадо. Додека ја поминува ноќта со четворица сосема непознати луѓе, сосема случајно здогледува едно девојче заклучено во еден од паркираните автомобили.
Одеднаш свесна дека се наоѓа во голема опасност, Дарби се прашува:
Кое е тоа девојче?
Зошто е киднапирано?
Како да му помогне на беспомошното девојче кога нема сигнал на мобилниот телефон и кога не може да го продолжи патот поради снегот?
Кој од преостанатите патници го киднапирал ова дете?
И, што е најважно, кому, воопшто, може да му верува?
Напнатоста расте со секоја нова страница во највозбудливиот трилер што ќе го прочитате оваа година.