Со текот на годините дознаваме кои ни се вистински пријатели, кои се тука за нас само кога на нив сме им потребни…
Со текот на годините осознаваме кои ни се вистински пријатели, кои се тука за нас само кога на нив сме им потребни, нели е жално тоа. Додека не им затребаш како во земја да пропаѓаат…
Се обидувам во мене да ја пронајдам грешката, каде грешам, ако грешам, што грешам што се доведов во оваа ситуација. Да немам кому душава да му ја отворам, да немам со кој релаксирано кафе да испијам. Или споделуваат проблеми, маки и нервози или прераскажуваат приказни за трети луѓе. Немаат ли осет дека не баш сите сме заинтересирани да слушаме и муабетиме туѓи животи? Немаат ли попаметна работа? Зошто имаат потреба да раскажуваат, време да трошат на туѓи приказни и случувања. Аман, не ми се сака тоа, не ми се слуша. Ги избегнувам, се затворам сама со себе. И, така поарно ми е, се губам во приказни туѓи и јас не викам не. Читам романи, гледам драми, и интересно ми е. Да, поинтересно ми е него со нив да безделничам. Ама па што е човек без пријатели? Сиромав е, празен е, тажно се чувствува…
Луѓе, дај малку посветете се на реални работи, на себе си, на саканите, на блиските, на природата, на животинките и на животот во вистинска смисла. Зар не е жално да ви мине животот оговарајќи и кукајќи? Сакајте се, љубете се и грижете се еден за друг. Оти, себичноста надоле влече, тежи и боли.