ЖивотУбави совети

Колку јајца неделно смеат да јадат жените?

Жените што јадат секој ден јајца имаат поголем ризик од смрт отколку други жени на нивна возраст, покажало истражување спроведено од јапонски научници.

Истражувањето на научниците од Универзитетот во Кјото траело 14 години, а во него учествувале 9.300 мажи и жени кај кои бил следен внесот на одреден вид храна.

Утврдено е дека жените што секој ден јаделе по 1 јајце, во однос на жените кои јаделе 1 до 2 јајца неделно, имале до 22% поголем ризик . На зголемувањето на ризикот не влијаеле факторите како возраста или телесната тежина, односно пушењето. Уште поголем ризик бил забележан кај жени кои секојдневно јаделе по две или повеќе јајца.

Добиените резултати научниците ги објасниле со високото ниво на холестерол во јајцата и велат дека едно јајца содржи 2/3 од препорачаниот дневен внес на холестерол за едно возрасно лице.

Кај машките испитаници не е утврдена никаква врска меѓу консумирањето јајца и зголемениот ризик од рана смрт.

Поврзани статии

Back to top button