Колку килограми плус се нормални во бременоста?
Тежината е многу важен фактор на здравата и нормална бременост. Не дозволувајте премногу да се здебелите. Иако бројот на килограмите што се добиваат во време на бременоста е индивидуален, не би требало да добиете ни помалку од 10 ни повеќе од 16 килограми, со умерена исхрана во која ќе јадете се што е потребно.
Со оглед на тоа дека бремените жени се здебелуваат многу повеќе во втората половина од бременоста, важно е да се внимава во првото тромесечје да не добиете повеќе од 2 килограми, односно по 4,5 во второто и во третото тромесечје. Во бременоста редовно конторлирајте ја тежината и гледајте ја повеќе како медицински отколку како естетски фактор.
Имено, прекумерната тежина може да предизвика низа компликации кои може да бидат опасни и за мајката и за детето. Ако ви се случи забрзано и претерано да ви се зголемува тежината, посоветувајте се со својот лекар. Не заборавајте, прекумерната тежина ќе ви го направи потешко секојдневието и после бременоста.