Колку е добро што насмевките се заразни!
Насмевката е еден од најстарите облици на изразување и комуницирање.
И насмевките се прекрасна работа, а следниве факти ќе ве убедат во тоа!
Паровите кои се смеат заедно – остануваат заедно!
Оваа стара изрека е чиста вистина. Американските психолози преку серија на истражувања откриле дека паровите кои имаат смисла за хумор и често се смеаат најчесто стареат заедно.
Смеата не може да се контролира!
Ако видите други луѓе да се смеат, ќе се насмевнете и вие. Она што е најдобро кај насмевката е тоа што таа е заразна!
Смеењето согорува калории!
Според истражувањето на Универзитетот Вандербит за време на десет минути гласно смеење согорувате 50 калории.
Насмевките го подобруваат нашето здравје
Насмевките и смеењето позитивно влијаат врз нашиот имун систен, работата на срцето и мозокот, ослободуваат од стрес и ја подобруваат психо-физичката состојба на целиот организам.
Затоа, смејте се што почесто, бесплатно е!