ДомУбави совети
Колкаво растојание треба да има од телевизорот до вас и каде треба да го поставите?
Позицијата на телевизорот мора да биде во директна врска со местото на гарнитурата за седење. Исто така, не треба да биде поставен од спротивна страна на прозорците бидејќи изворите на светлината кои ќе трепкаат на екранот, ќе го отежнат следењето на телевизиските програми и ќе предизвикаат потреба да ги спуштите ролетни и да го затемните просторот во текот на денот.
Најважно е правилно да се одреди идеално растјание од местоположбата на телевизорот и гарнитурата од која гледате. Ова значи дека растојанието помеѓу вас и телевизорот треба да биде два или три пати поголемо од големината на екранот. На пример, ако дијагоналата на екранот е 105 см, растојанието од вас до него треба да биде најмалку 210 см.