Коктел против мозолчиња, кршливи нокти и тенка коса!
Овој коктел е одлична и здрава алтернатива на обичниот појадок, исполнет со енергија од живи витамини и минерали.
Ако вашата коса е кршлива, ноктите ви се кршат, мозолчињата се на вашето лице и ви се појавуваат темни кругови под очите, пијте чаша од овој коктел секое утро најмалку 2 месеци. И, позитивно ќе го оцените лековитиот ефект на овој пијалок. Ноктите ќе ви се зајакнат, косата ќе престане да ви паѓа и да ви се кине, лицето ќе ви се исчисти и подочниците ќе исчезнат.
Во овој коктел сè е совршено избалансирано и сите состојки вршат такви важни функции во организмот што дури и не претпоставувате колку ќе го засили вашиот имунолошки систем. Коктелот ќе го исчисти телото од нечистотии и ќе ве подмлади.
Млечен коктел со банана и овесни снегулки
За да го подготвите овој здрав и вкусен коктел, ќе ви требаат следниве состојки:
- 200 мл млеко
- 3 лажици овесни снегулки
- 1 банана
- 1 лажица мед
Овесните снегулки изблендирајте ги со неколку лажици млеко. Потоа додадете ја исечканата банана и остатокот од млекото, блендирајте уште малки и на крај додадете ја лажицата мед.
Наздравје!