ЖивотУбави совети

Кои луѓе треба да јадат по 3 киви секојдневно?

Кивите, покрај одличниот вкус и изобилството со витамини, успешно го намалуваат крвниот притисок, откриле на Универзитетот во Осло, па препорачуваат консумирање на ова егзотично овошје на лица со хипертензија.

Ова вкусно овошје има и корисен ефект врз кожата на лицето. Кивата е вистински „рудник“ на витамини и минерали и е богата со антиоксиданс наречен лутеин, чие благотворно дејство врз крвниот притисок било предмет на истражување.

Покрај тоа, кивите содржат калиум, кој игра важна улога во регулирањето на крвниот притисок, поради што на оние кои страдаат од оваа болест им се препорачува да јадат три киви на ден.

Поврзани статии

Back to top button