ЖивотУбави совети
Кои жени се најпривлечни?
Сосема е јасно дека на различни луѓе им се допаѓаат различни партнери и дека за вкусовите не се дискутира. Но, по долгогодишни истражувања, научниците од Универзитетот во Колумбија дошле до одредени и универзални параметри за убавината.
За почеток, важен е соодносот на струкот и колковите. Мажите потсвесно ја карактеризираат жената како атрактивна доколу овој сооднос кај неа е 7 спрема 10. Овој факт е поврзан со биологијата на еволутивно ниво, односно жената со ваков сооднос се смета за плодна и подготвена за потомство.
Ова истражување донело уште еден заклучок, а тоа е дека бринетите жени се најпривлечни за посилниот пол. Истражувањето било спроведено врз три илјади испитаници.