Кога ќе изгубиш некој човек, сфаќаш колку ти бил потребен!
Има еден не толку убав феномен кој се вика разделба. Без разлика дали разделбата е на еден ден поради кафе во Охрид, шопинг во Солун, летен одмор на десетина дена или работен престој во странство на месец дена, разделбите секогаш се пропратени со горчина во грлото и големо чувство на недостиг од личноста која заминува. Всушност, само штом почнеме да ги пакуваме куферите веќе им недостигаме на луѓето.
И тука потполно ќе се сложам со онаа омилената на баба ми: „Кога ќе изгубиш некој човек, сфаќаш колку ти бил потребен!“
Сте се запрашале ли некогаш зошто некои луѓе толку многу ви недостигаат откако ќе се преселат во странство?
Човекот има чудна навика секогаш повеќе да го забележува она што го нема, отколку она што го има. Така е и со луѓето кои веќе не живеат во нашиот град. Додека биле тука, воопшто не ни недостигале оти сме ги гледале секој ден. Сега, страшно ни недостигаат. Не успеваме на Скајп или Вибер да ги споделиме сите нешта кои сакаме со оние кои заминале на другата страна од Европа или светот, во потрага по подобра иднина за себе и своите деца. Луѓето сакаат да живеат во спомени за убавото време и носталгија за заедничките моменти.
Нема човек на кој не му паѓаат тешко разделбите. Но, запомнете дека ваквиот тип на разделби и не се толку лоши. Личноста која ви недостига е здрава и жива, само на другата страна од светот. Оти има и полоши разделби!
И така, заглавени во минатото и некогашните спомени, забораваме да создаваме нови. Затоа, не чекајте! Ако некој ви недостига, кажете го тоа, посетете го за да го прегрнете макар би патувале и илјадници киломтери.