Книги за вашите дечиња!
Навиката за читање се гради уште од мали нози и во рани години. Научете ги вашите дечиња да уживаат во читањето и секогаш кога им е потребен одмор да земат книга во рака. Ви предлагаме три интересни книги за дечиња во продолжение.
Ах, возрасни – возрасни (Ирина Момироска) Книгата ќе ве потсети дека со беспрекорна љубов треба да мислите на најмалите, дека треба да ги научите на здравје и на здрави навики за потоа да бидат здрави и дека токму вие треба да заслужите да ви кажат “Браво”.
Господинот Смрдливко (Дејвид Вилијамс) Волшебно смешна и оргинална приказна која ќе ве натера да размислувате. Некои тајни водат кон пропаст и не лесно може да се намирисаат.
Хуго и Џозефина (Марија Грипе) Во 1967 година, романот ја добива својата филмска екранизација и ја добива престижната филмска награда од Шведскиот филмски институт.