ЖивотУбави муабети

Киноа – да се внесе во менито или не?

Кога ќе ги земеме предвид бескрајните диети засновани на низок внес на јаглени хидрати со кои се сретнавме во изминатите неколку години, се чини дека овој макронутриент е јавен непријател број еден.

Сепак, јаглехидратите се всушност главниот извор на енергија, а нутриционистите препорачуваат секојдневно консумирање, во умерени количини. Имено, повеќе ни се потребни јаглехидрати отколку протеини и масти, се согласуваат експертите.

Еден од највкусните и секако најздравите начини да ги вклучите јаглехидратите во вашето дневно мени е со помош на киноа. А зошто се е здраво, дознаваме во продолжение.

Што е киноа?
Иако технички е јадливо семе, киноата се смета за житарка од цело зрно. Најмногу се консумира во Боливија, Чиле, Перу и Еквадор, каде луѓето го јадат веќе пет илјади години. Постојат повеќе од 120 видови киноа, но најчесто гледаме бела, црвена или црна. И исто како и оризот, киноата природно не содржи глутен, па затоа е идеална за луѓе кои не го поднесуваат или страдаат од интолеранција.

Здравствени придобивки од киноата
Зрното киноа можеби е мало, но е премногу богато со хранливи материи. Киноата е богата со протеини, влакна, витамини од групата Б, како и хранливи материи кои играат клучна улога во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Исто така, истражувањата покажаа дека состојките на оваа житарка влијаат на здравиот развој на бебињата кај трудниците.

Половина шолја киноа содржи: 111 kcal, 4 g протеини, 2 g масти, 20 g јаглени хидрати, 3 g влакна и околу 1 g шеќер.

Ги гради и обновува мускулите

Во споредба со другите намирници од цели зрна, киноата е на врвот во однос на содржината на протеини. И овој макронутриент е идеален за градење и обнова на мускулите. Исто така, киноата содржи есенцијални масни киселини, кои се неопходни за производство на протеини во телото.

Бидејќи содржи многу влакна, киноата го намалува запекот и го нормализира варењето. Исто така, го намалува нивото на лошиот холестерол, па може да го намали ризикот од срцев удар и мозочен удар.

Подобар метаболизам

Витамините Б влијаат на подобрување на метаболизмот, на доставувањето на хранливите материи до клетките и на општата здравствена состојба на организмот.

Вродени дефекти

Фолната киселина, витамин Б, влијае на клеточната делба и градењето на ДНК. Фолната киселина игра клучна улога во спречувањето на вродени дефекти и е клучна во исхраната на трудниците. А киноата ја содржи во изобилство.

Посилен имунолошки систем

Половина чаша киноа содржи околу 13% од дневните потреби за цинк. минерал кој ги активира Т-клетките кои го штитат телото од инфекции. Така, киноата го зајакнува имунолошкиот систем.

Поврзани статии

Back to top button