ДомУбави совети

Кога детската соба е царство…

Сите деца, особено оние кои влегуваат во пубертет сакаат простор само за себе.

Кога уредувате соба за дете или тинејџер треба да обрнете внимание на неколку работи:

  • Таа треба да има доволно светлина, бидејќи вашето дете таму ќе ги пишува домашните задачи, ќе учи или пак ќе употребува компјутер. Најдобро е доколку во собата има природна светлина и таа да доаѓа од левата страна на детето.
  • Собата треба да биде топла и во текот на студените месеци, инаку зошто би ја правеле? Размислете која опција за греење е најисплатлива и безбедна.
  • Кога ја уредувате собата, консултирајте се до вашето дете за изборот на бои и детали. Сепак, тоа е негова соба.
  • Детската соба треба да е слика за детето. Па така, доколку сака кошарка, поставете кош на вратата или ставете пинг-понг маса, ако има простор. Ако сака да свири гитара, набавете убаво постелје за неа. Дозволете да му на детето да биде креативно и само да одлучи како ќе бидат украсени ѕидовите, дали со тапети, фотографии или постери. Вие само внимавајте да има доволно простор, плакари и фиоки за сите негови алишта и лични предмети.Ви нудиме неколку фотографии кои можеби ќе ве инспирираат!

Поврзани статии

Back to top button