ЖивотУбави совети

Каква е вашата врска?

Научниците кои се занимаваат со љубовните врски и односите извршиле истражување врз 400 невенчани парови и заклучиле дека врските се делат на четири групи … Во која припаѓате вие и вашиот партнер?

Секоја врска е различна и има свои моменти, но науката конечно успеа да најде начин да ги подели во четири категории.

Склони кон конфликти и силно заљубени. Сите знаеме барем еден таков пар – тие се малку заљубени, малку не се поднесуваат. Ако сте дел од оваа група, веќе знаете дека постои шема. Расправиите ве одделуваат, а страста ве спојува. Кога сте заедно, полни сте со љубов и посветени еден на друг, а кога не сте, обично сте толку одвоени што најверојатно нема ни да се поздравите на улица.

Драматизирањето им е во крвата. Дури и кога нема причини за драматизирање, вешто ја наоѓате причината. Обично кога треба да се донесе некоја одлука едниот партнет ја носи сам а потоа и тоа е причина за нова драма. Таа несигурност ве храни и ви ја прави врската возбудлива и непредвидлива, но внимавајте истражувањата покажале дека ваквите парови имаат голема шанса да се раздвојат.

Друштвен пар. Ова е случај кога и двајцата се ептен друштени личности и дружењето обично го мешаат во врската. Заедничките пријателства ги спојуваат. Целото друштво е запознато со нивните проблеми и сите заедно ги решаваат. Се се случува во друштво. Ова и не е така добар знак. За врска се потребни двајца. Излегувајте, другарувајте, но имајте време и само за вас. Не е воопшто здодевно, верувајте!

Фокусирани еден на друг.  Немате ништо против друштвото, но некако најубаво ви е сите работи да ги правите сами. Своите потреби ги ставате пред сите други, а немате проблем ниту со повремена изолација од надворешните влијанија.

 

Поврзани статии

Back to top button