Како татковците влијаат врз иднината на своите деца?
Психолошките студии покажуваат дека татковците играат важна улога во стекнувањето самодоверба и подоцна врз успехот низ животот на нивните деца.
„Стилот на татковството“ влијае на тоа како детето ќе создава врски, вклучително и деловни, со други луѓе, како и каква професија ќе избере. Еве неколку основни видови на татковци и нивното влијание врз потомството.
Супер успешен – Инспиративен, но го истакнува и потенцира неговиот успех и впечатокот што им го остава на другите. Децата од таков татко нема лесно да воспоставуваат односи со другите.
Фрустриран – Тој често знае да „експлодира“. Резултат – неговите деца може да станат вознемирени и анксиозни или да ги занемарат своите потреби во обид да ги задоволат туѓите.
Тој никогаш не е тука – Бидејќи таткото го занемарува семејството, децата стануваат бунтовни, агресивни и тешко се прилагодуваат и прифаќаат авторитет и закон.
Сочувствителен – Овој татко е ментор. Неговите деца ќе бидат полни разбирање и трпение.