ЖивотУбави совети

Како подолго време да ви траат омилените фармерки?

Фармерките се основно парче гардероба на сечиј женски плакар, а бидејќи се носат долго од сезоната во сезоната, нашиот интерес е да изгледаат како нови колку што е можно подолго. Затоа мораме само да исфрлиме некои од навиките што повеќето од нас ги практикуваме и да ги зачуваме нашите омилени фармерки колку што е можно подолго.

3 навики што треба да ги искорениме за да ги одржуваме нашите фармерки што е можно подолго:

1. Премногу перење 

Со премногу перење на фармерките ја намалувате ткаенината, и на некои места може да се излитат. Ако вашиот омилен модел на фармерки е со многу еластин треба да ги перете во ладна или млака вода.

2. Носење мали работи во џебови

Освен што џебовите ќе ја изгубат својата форма со носење работи во нив, фармерките на тие места ќе почнат да се растегнуваат и ќе изгледаат износено.

3. Погрешено третирање на дамки

На сите од нас ни се случува безброј пати да ги исфлекаме нашите фармерки со кафе, вино, чоколадо, сладолед… Во такви ситуации, најважно е да се дејствува брзо и да не се дозволи да се исуши дамката. Најдобро е да ги исчистите со солена вода и мека крпа.

Ако ги искористите овие совети и бидете повнимателни, на вашите фармерки значително ќе им го продолжите рокот на траење.

Поврзани статии

Back to top button