ЖивотУбави совети
Како до подобар имунитет?
Есента започна и сведоци сме на временски промени и големи температурни разлики во текот на денот.
Во овој период од годината добро е да работите на подобрување на имунитетот како би се спасиле од различни заболувања.
Како да го подобрите вашиот имунитет?
- Шетајте, пешачете или трчајте на свеж воздух! За време на летните денови ви беше претопло за да спортувате? Сега е вистинското време за да се активирате. Одете до најблиската планина и наполнете ги батериите со енергија, а белите дробови – со кислород.
- Спијте! Потребни ви се најмалку 7 часа сон во текот на ноќта доколку сакате имунитет кој ќе биде силен.
- Дружете се! Според некои истражувања, луѓето со искрени пријателства имаат подобар имунитет од осамените.
- Намалете го шеќерот! Храната богата со шеќер го зголемува нивото на инсулин, а тој влијае врз хормоните кои се поврзани со имунолошкиот систем.
- Јадете што повеќе овошје, зеленчук и јаткасти плодови! Најдобри намирници за да го подобрите имунитетот се: лимони, портокали, бадеми, боровинки, ореви, лук, пиперки, брокули, кељ, спанаќ…
- Водете љубов! Едно американско истражување на оваа тема потврдило дека луѓето кои имаат сексуални односи барем еднаш или двапати неделно, произведуваат за 30% повеќе имуноглобулин во споредба со другите луѓе.