МодаУбави совети
Како да ја претворите белата кошула во апсолутен моден погодок?
Кога станува збор за модата, јасно е дека таа се менува од година во година. Сепак, има нешто што е речиси безвременско, а тоа е белата кошула.
Секако, начинот на носење, како и самите модели, со текот на времето се променија, а сега има таков што „се заканува“ да стане нов моден хит. Всушност, станува збор за комбинација од марама и бела кошула.
Земете една поголема марама и преклопете ја во триаголник. Потоа „завиткајте се“ со неа, така што аголот ќе го поминете низ првата дупка за копче, на кошулата, а потоа прицврстете ја кошулата, така што ќе ја „фатите“ марамата со копчето.