Како да се шминкате оваа сезона?
Експертите за есен и зима препорачуваат поприроден изглед, особено кога станува збор за секојдневни комбинации. Во тренд се златни тонови на очите, розови тонови на образите, боровинка нијанси или неутрална боја на усните.
На улиците во оваа есен и зима, сепак, ќе гледаме минимална шминка.
Додека минатата година доминираа мат кармините, оваа година, покрај матираните кармини, сјаевите за усни се вратиа назад на сцената.
Акцентот оваа сезона е ставен на трепките. Можете да постигнете изглед инспириран од шеесеттите години на минатиот век со неколку слоеви на квалитетна маскара. Покрај тоа, во тренд се и подебели веѓи. Пополнете ги гел за веѓи чија боја одговара на природната нијанса на вашите веѓи.
За да ја вратите свежината на лицето, додадете малку розеникаво руменило, исто така, важно е да користите и хајлајтер на истакнатите делови на лицето.
Ве советуваме да не се малтретирате премногу. Во студените денови лицето ќе биде помалку масно, така што не постои потреба за премногу шминка, и на овој начин ќе се постигне повеќе природен изглед.