Како влијае родителството врз животниот век?
Да се биде родител, без сомнеж е најубавата животна улога, а сега е откриена уште една прекрасна предност на родителството.
Според последното истражување на шведските научници, родителството го продолжува животот, особено на припадниците на посилниот пол. Оваа опсежна шведска студија е објавена во списанието “Journal of Epidemiology & Community Health”.
Истражувањето е спороведено на повеќе од 1.4 милиони Швеѓани и покажало дека оние мажи кои имаат барем едно дете имаат животен век кој во просек е за две до три години подолг за разлика од оние мажи кои немаат потомство. Кај жените пак, кои се мајки животниот век се продолжува за една година.
Притоа, научниците утврдиле дека полот на детето нема никакво влијание врз заклучкот од досега најголемото истражување на оваа тема.