Интересна идеја за денешниот ручек
За денес подгответе пита со домати и сирење. Вкус на кој нема да може да одолее целото семејство.
Потребни состојки: 250гр тесто, 4 големи домати, сирење, 1 гранче босилек, оригано, маслиново масло, сол и црн пипер.
Расукајте го тестото и со него прекријте една тава со дијаметар 26 предходно покриена со намастена хартија за печење. Прекријте го тестото со намастена хартија и печете го во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Исечкајте ги доматите на тркалца. Посолете ги и оставете ги да се исцедат околу 10 минути. Сирењето исечкајте го на тенки парчиња. Од тестото отстранете ја хартијата. На дното на тестото наредете листови босилек, попрскајте со масло и ставете малку сол и црн пипер. Потоа започнте да редите, парче домат па парче сирење. Посолете ги, запиперете ги па посипете оригано. Печете ја питата на 200 степени 10 минути. Сервирајте ја топла.
Добар апетит.