Од насУбави муабети
И на него сум му верна…
Не знам за вас, но јас и со радиото се имам емоционално поврзано. И на него сум му верна. Од кога паметам за себе слушам едно радио, една иста фрекфенција, целиов мој живот 102.5 фм. Сега, после дваесет години јас слободно можам да кажам дека Скај радио ми е најдобриот другар. Кога сум среќна, со него потпевнувам и се смешкам. Кога сум тажна, со него плачам. Сите емоции со него ги споделив, сите успеси и падови со него ги минав. Музиката му дава живот на радиото, а тоа на мене. Радиото ми е лек за душата, најомиленото друштво кое со брзина на светлината знае да ме раздрма со најнови хитови уште рано наутро. Кога слушам радио слушам Скај радио, секогаш и секаде.