Зошто треба да ставите сол во шампонот за коса?
Ставете сол во вашиот шампон пред да ја миете косата. Овој едноставен трик е решение за:
– Масна коса – Ставете 2-3 кафени лажички сол во шампонот со кој ќе ја миете косата. После првото миење ќе имате позитивен видлив резултат. Солта ќе ја намали вишокот маснотија.
– Првут – Поделете ја косата на делови и посипете 1-2 кафени лажички сол на скалпот, масирајте нежно десетина минути и ислакнете ја косата. Солта ќе ја подобри циркулацијата на скалпот, ќе го намали мртвиот слој на кожата и ќе го заштити вашиот скалп од раст на габи кои се причинители за појава на првут.
– Косопад – Измијте ја косата како и вообичаено и измасирајте го скалпот со морска сол 10-15 мин, па исплакнете.
Ова треба да го повторувате два пати неделно, два месеци. Солта ќе ви помогне повторно да имате густа и здрава коса.