ЖивотУбави совети
Зошто босилекот е билка која мора да ја имате дома?
Босилекот е растение од фамилијата мртви коприви и е мека нискорастечка билка која се одгледува во топли клими. Потекнува од Иран, Индија и други тропски региони на Азија, и се култивира барем 5.000 години.
Сте се запрашале ли некогаш за сите бенефиции кои ги има босилекот за нашето здравје?
- Доколку имате покачена температура, гребење во грлото и симптоми на настинка, направете си чај од босилек.
- Облоги на вратот од листови од босилек и ѓумбир потопени во малку ракија помагаат кај астма и брохнит.
- Ако имате воспаление на грлото правате гргара со млака вода во која претходно сте ставиле неколку листови од оваа билка.
- Грицкањето на листови од ова растение го намалува лошиот холестерол.
- Чај од босилек пред легнување ќе ве ослободи од стрес и ќе ви помогне да имате подобар сон.
- Џвакањето листови босилек ќе ве спаси од лошиот здив.