Знаевте ли дека сте кралици?
Секоја жена е прекрасна на свој и единствен начин.
И токму како жена која секогаш е „бомбардирана“ со совршеноста на убавиците од насловните страни на магазините и нивните најлајкувани фотки на социјалните мрежи, нормално е понекогаш да почувствувате пад на самодовербата и да имате грижи околу својот изглед.
И сосема е нормално да сте растревожени, збунети, загрижени поради одредени појави, емоции и мисли околу вас, на вас и во вас.
Но, запомнете неколку работи и повторувајте си ги често.
СЕКОЈА ЖЕНА ИМА МАЛКУ ВИШОК САЛО!
И тука нема ништо чудно. Не е страшно. Не боли. Ретко која жена има рамен стомак кога ќе се наведне или стутка. Сакајте го своето тело со сите недостатоци и лузни, тоа е единственото кое го имате.
ПОКАЖУВАЊЕТО ЕМОЦИИ Е ЗНАК ДЕКА СТЕ СИЛНИ!
Не е срамота да се исплачете. Да покажете дека во вас тлее нешто. Не е штетно тоа. Поштетно е да се правите дека ништо не ви е!
ПОНЕКОГАШ И НАЈУБАВИТЕ ИЗГЛЕДААТ ЧУДНО!
Сте се уплашиле ли некогаш од вашиот одраз во огледалото во раните утрински часови? Не сте единствени! Наутро, сите сме потечени, бледи и мамурни. Не верувајте во фотографиите со хаштаг #wokeuplikethis. 🙂
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ГИ ПРИЛИКИТЕ ПОРАДИ НЕПРИЛИКАТА
Колку пати досега сте биле заглавени во врска која ве гушела и измачувала, која ви ги кратела крилјата и не сте биле своја? Бидете нечиј приоритет, а не резервен план!
ВЕРУВАЈТЕ ВО ВАШИОТ ИНСТИНКТ
Оти ретко кога ќе ве излаже!
И најважното, ако некој ви каже дека сте прекрасна, прифатете го комплиментот со насмевка. Вие сте кралица и треба да се однесувате токму така!