ЖивотУбави совети

Запрете го крварењето во носот!

Капиларното крварење од носот е безопасна појава, која почесто се појавува кај децата. Се појавува ненедејно, без посебна причина, а таа мала количина крв понекогаш изгледа како литри. Воглавно се запира за неколку минути, на едноставен начин.

Кога ќе настане крварењето, седнете исправено и благо нагнете ја главата нанапред (за да го спречите течењето низ грлото). Прво нежно издувајте ги грутчињата, кои би можеле да го спречат затворањето на крвните садови. Потоа стиснете го мекиот дел од носот и цврсто притиснете го. Задржете ја таа положба десетина минути.

Крварењето можете да гозапрете и на следниот начин: малку сок од лимон или масло од лаванда натапкајте на местото кое крвари или пак ставете ладна облога од надворешната страна од носот.

 

Поврзани статии

Back to top button