Убави вести
Закажана уште една размена на прочитани книги!
На 17 фебруари 2019 година, во кафе барот Piazza Liberta, спроти гимназијата “Јосип Броз Тито”, со почеток од 18 часот, па се до 20 часот ќе се одржи размена на прочитани книги.
Настанот го оргaнизира фб групата “Размена на книги и книжевни муабети/book swap and bookish discussuins”
Сите љубители на книгите се добредојдени, пожелно е со себе да носат свои прочитани книги, кои по желба може да се разменат со книгите кои ќе ги носат другите гости на настанот, на принцип “Книга за книга”.