За љубителите на злато ова е идеална дестијација!
Дубаи е еден од седумте емирати кои се наоѓаат на брегот на Персискиот Залив. Сместен е на делот каде се соединуваат Европа, африка и Азија.
Се одликува со тропска клима и е рај за туристите во текот на целата година. Почетна активност на жителите била риболов и лов на школки. Потоа со откривањето на нафтата станаа светски познати производители во светот.
Дубаи долго време го развива туризмот, а денес веќе е добро позната туристичка дестинација со над 10 милиони посетители годишно. Tука ќе видите вистинска мешавина на историјата и модерното.
За љубителите на злато и златен уникатен накит ова е вистинска дестијација.
Не заборавајте да го посетите и пазарот кои се наоѓа во стариот дел на Дубаи каде ќе имате можност да го вдишите мирисот на различни зачини. Посетете ја една од најубавите плажи Jumeirah Beach, качете се на највисоката зграда во светот и посетет го уникатниот хотел Burj Al Arab 7 * (единствен во светот со седум ѕвезди).
Можете да го посетите и затворениот скијачки центар, да пробате бодрање на песок, да отидете на сафари во пустина и доколку сте и љубители на шопинг оваа дестринација е мал рај токму за вас.