ЖивотУбави совети

За што може да го употребувате етеричното масло од лимон?

Сите знаеме колку лимонот е корисен за нашето здравје, а денеска сакаме да ви посочиме колку корисно може да биде и етеричното масло од лимон.

Неколку капки ставете на дланките, истријте добро и вдишувајте го мирисот. Оваа техника автоматски го поправа расположението и го намалува стресот.

Во шише со прскалка ставете малку вода, медицински алкохол и неколку капки етерично масло од лимон. Работните површини кои ќе ги исчистите со оваа течност ќе бидат максинално дезинфицирани.

Разредете лажица етерично масло од лимон со 300 мл вода и оваа течност користете ја како освежувач за воздух. Ќе добиете пријатен и освежен воздух без хемикалии!

 

Поврзани статии

Back to top button