За родителите кои имаат две или повеќе деца, и мал простор, ова е идеално решение!
Имате проблем, бидејќи во детската соба нема простор за два кревета? Вие не сте единствени, тоа е многу чест “проблем” во нашата земја. Решението, се разбира, е кревет на спрат. Ако изберете модел со силна конструкција и цврсто дрво, ќе бидете обезбедени во подолг временски период. Кога децата ќе пораснат и ќе сакаат да бидат разделени во посебни простории, креветите може да ги одвоите. Значи, дури и тогаш нема да морате да купите нов мебел.
Креветите на спрат може да бидат и за три дечиња – под долниот е потребно само да се стави фиока-кревет со душек. Ваквите кревети заштедуваат простор и оставаат доволно простор за други неопходни работи во детската соба.
Децата обожуваат кревети на спрат и среќни одат на спиење. Дури и сами сакаат да го средуваат креветот и не дозволуваат пристап на возрасните, бидејќи тоа е само нивната оаза во која вистински уживаат.