За оние кои постат – Како да замените јајце во рецепт
Сега можете брзо и лесно да ги замените јајцата со оваа замена.
Велигденскиот пост почнаа и верниците кои се придржуваат до него повеќе не мора да се откажуваат од омилената храна. Млекото може да се замени со бадемово или од соја, а за јајца постојат 3 начини кои се одлични и дефинитивно помагаат. За време на постот, домаќинките се трудат храната да биде поразновидна, а исто толку вкусна и мрсна. Со овие совети ќе можете да направите јадења што сите ги сакаат, и да го почитувате постот.
Ако правите леб, палачинки, мафини или нешто друго, наместо јајца употребете 3 смеси кои се подеднакво ефикасни. Ова се количините доколку сакате да замените едно јајце, а доколку ви треба повеќе, само зголемете ги состојките.
Замена на едно јајце со ленено семе
Состојки:
1 лажица мелен лен
2,5 лажици вода
Подготовка:
Измешајте лен и вода и оставете 5 минути.
Замена на едно јајце со чиа семе
Состојки:
1 лажица чиа семе
3 лажици вода
Подготовка:
Чиа семето смелете го додека не добиете смеса како брашно, па измешајте со вода и оставете 5 минути. Текстурата треба да биде слична на сировата жолчка од јајце.
Друг начин да го замените јајцето, а можеби и најлесниот, е да растворите 2 лажици оцет во 1/2 чаша вода.