Животот е постојана борба на самата индивидуа, борба со себе, натпревар со другите, трка по сопствената позиција во општеството
За животот, убавините, радостите и среќата.
Животот е дар, поклонение кое треба да го живееме во вистинска смисла на зборот, да го вдишуваме секој миг од него кој ни носи новости, убости и радости. Да се живее значи да се постои, да се живее значи да се твори, да се живее значи да се бориш за сопственото место под сонцето и со крупни чекори да иташ по патеката наречена живот.
Животот е постојана борба на самата индивидуа, борба со себе, натпревар со другите, трка по сопствената позиција во општеството. Животот подразбира постојано итање кон постигнување на сопствените желби и аспирации, остварување на замислите и скриените идеали и исполнување на илузиите кои тлеат во секој од нас. Во животот постојат моменти кои веднаш треба да ги зграбиш и искрите кои задскриено горат да ги дувнеш со полна плуќа и да ги
распламтиш во силен оган кој ќе ти го осветли патот на твоите замисли. И сето тоа да го постигнеш со корисни средства, со методи кои правилно ќе те насочат и ќе те издигнат на пиедесталот на човек во вистинска смисла на зборот.
Постојат животни мигови кои потајно ќе те натераат да се свртиш кон себе и ќе ти ги отворат чакрите кои од тебе ќе ја изнедрат размислата за суштината на живтот. Можеби филозофски ќе звучи, но секој од нас барем за миг си ја поставил вечната дилема – која е смислата на човековото живеење? Ваквите прашања кои се вечна дилема и благодарение на кои се исткајувале теориски поставки на мудреци, луѓе признати и познати по своите толкувања, идеи и ставови за животниот дискусии.
Трчајќи низ животот, итајќи кон остварување – честопати на невозможното, барајќи совршенство во секоја активност кои ја практикуваме, се изгубивме во шумата наречена вистински живот. Со текот на времето ни наметна стандарди и животни стилови кои мислиме дека не интегрираат, а всушност не разделуваат, мислиме дека не спојуваат и вртат едни кон други, а реално не оттуѓуваат а го маргинализираат вистинското човештвото.
Животна ситуација или животен настан, кој може да биде мошне краток има моќ да ни го измести животот од колосек и да не натера да се свртиме кон себе си и кон оние кои ни значат, нашите ближни и драги луѓе. И во такви мигови си ги поставуваме прашањата – дали вредат сите жртви кои ги правиме во името на некоја повисока цел, дали вредат сите пари и материјални блага ако ги запоставуваме оние кои не љубат, ни значат и не подржуваат, дали вреди постојаното итање по успех ако во таа трка се загубиме себе си и останеме сами искачувајќи се на победничкиот трон?
Многу животни мудрости ни ја откриваат тајната на убавината на живеењето. Сите тие во центарот ја ставаат златната мера и средина и не учат дека скромноста е доблест, хуманизмот и алтруизмот се вистински животни вредности, добрината и доблесноста не губат од значење никогаш и задоволството од обичните и мали нешта ја носи вистинската животна среќа.
Читајќи древни статии од мудреци и учејќиза идентификација ќе имате привилегија да ја сфатите едноставноста и суштината на живеењето: прави добро и не кај се бидејќи доброто не застарува, почитувај за да бидеш почитуван, сакај за да бидеш сакан, побарај и ќе добиеш, искрено замисли и чесно реализирај.
Дијана Станчевска
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk