МодаУбави совети

Секоја женска чанта е една голема тајна!

Секоја женска чанта е една голема тајна! Неверојатно е колку работи може да се најдат во неа, а понекогаш и самите жени се чудат што се носат во своите чанти. Често пати на многу жени им се случува да бараат одредена работа со минути и минути… Да, во својата чанта тие не знаат што, каде и зошто имаат!

Жените секојдневно прават внатрешни бесчујни монолози. “Тука ги ставив клучевите, еве ги, не, тоа е маскарата, во другата преграда се, не, во надворешниот џеб изгледа се… ”

Што има во секоја женска чанта?

Лабело
Клучеви
Мастики
Несесер (барем еден)
Палома
Влажни марамици
Накит
Шминки
Чешел
Лекови (антибиотици, аналгетици, витамини, прашоци против преладеност)
Огледало
Очила
Грицки и благо
Тампони
Дезодоранс
Парфем
Чадор
Цигари и безброј запалки

Тешкиот момент за секоја жена е кога конкретно нешто бара или кога е време од една чанта да префрли се во друга. Мистерија за секој маж е како едно толку мало чудо собира толку многу работи.

Поврзани статии

Back to top button