Жени, тука се златните правила за првиот состанок!
Дали непосредно пред првиот состанок ви се мотаат милион мисли во глава? Што да кажете? Дали ќе помине добро? Дали ќе му се допаднете? А, што па ако не му се допаднам? Сигурно овие прашања ве мачат и уште еден куп други… Нормално дека нема да се држите по сите правила, и дека нема да бидете како програмирани, но во продолжение ви спремивме правила кои од како ќе ги прочитате ќе сфатите дека вредат да бидат испочитувани!
Бидете точни – потрудете се да не доцните на првиот состанок, колку и да му се допаѓате доцнењето може да направи да му се намали еуфоријата и да му опадне адреналинот.
Заборавете на мобилниот телефон – некултурно е кога со некој седите да гледате во мобилниот, да разговарате на него наместо со партнерот со кој сте решиле да излезете.
Водете дијалог – заборавете на паниката, не дозволувајте од паника да се претставите во погрешно светло. Зборувајте полека, опуштено и позитивно.
Поделете ја сметката – никако не дозволувајте тој да ја плати целата сметка или вие да ја платите. Поделете ја сметката, а доколку не успеете веднаш во друг локал почестете го вие него.
Пијте контролирано – не смеете да си дозволите да се опиете и да зборувате и правите глупости на првиот состанок.
Не спомнувајте ги бившите – ништо нема да добиете доколку му раскажувате за вашите предходни врски, напротив голема е веројатноста да изгубите и пред време да ве прочита како книга…
Не шетајте со погледот – бидете таму каде што сте, со внимание пратете и слушајте што зборува.
Временска граница – вообичаено ако на девојката и се погоди муабетот и и се допане партнерот таа умее да заборави на времето. Затоа уште пред да излезете поставете си правило кое ќе го почитувате (само час и половина, или во толку и толку дома да сум) и не отстапувајте од него колку и да ви се погодила атмосферата.
И на самиот крај заблагодарете му се за убаво поминатото време и посакајте му убав остаток од денот.