ЖивотУбави совети

Ефтина, домашна маска против акни!

Зелениот чај носи бројни придобивки за здравјето на луѓето.

Сепак, тоа не е сè. Бројни студии зборуваат во прилог на зелениот чај кога станува збор за лекување на акни на лицето. Најлошиот кошмар на секоја жена се акните, кои не само што не изгледаат убаво, туку можат да бидат и многу болни. Истражувањата потврдуваат дека полифенолите кои се наоѓаат во зелениот чај можат да помогнат во лекување на лесни до умерено агресивни или воспалени акни.

Ако сте пробале различни методи за лекување на акни на лицето, а не сте биле особено задоволни од резултатите, можеби е време да и дадете шанса на природата. Денес ќе ви покажеме како можете да ја смирите состојбата на лицето која е предизвикана од акни со помош на зелен чај.

ПРЕДНОСТИ НА ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ:
Помага во намалување на воспалението – Зелениот чај е богат со катехини, кои се многу корисни за лекување на акни.

Помага во намалувањето на производството на лојници – Прекумерното производство на лојници е една од главните причини за појава на акни. Локалната апликација на зелен чај може да помогне во намалување на лачењето на себум и на тој начин да спречи појава на акни.

Мед и зелен зелен чај за третман на акни:
Медот има антимикробни својства и делува во процесот на заздравување на раните. Може да го инхибира растот на бактериите и да помогне во намалување на појавата на акни.

Потребно е:

1 кесичка зелен чај

1 лажица мед

топла вода

лосион на чистење на лице

пешкир

Постапка:

Ставете вреќичка зелен чај во 2 дл топла вода и оставете ја да отстои околу 5 минути. Извадете ја кесичката и оставете да се излади. Отворете ја кесата и извадете ги лисјата. Додадете мед на лисјата. Измијте го лицето со лосион за чистење и исушете го со крпа. Нанесете мешавина од мед и лисја од зелен чај на лицето. Оставете да делува околу 20 минути. Исплакнете со ладна вода. Оваа постапка повторувајте ја 3-4 пати неделно, за успешни резултати.

Поврзани статии

Back to top button