Некатегоризирано

Ефикасна диета со семе од чиа – збогувајте се со вишокот килограми

Чиа семето може многу да придонесе за губење на несаканите килограми.

Овие мали црно-бели семиња се сметаат за супер-храна. Чиа семето е богато со растителни влакна, протеини, есенцијални масни киселини, витамини и минерали. Тие прават да се чувствувате сити, додека го негуваат вашето тело и го подобруваат здравјето на цревата. Тие се исто така полни со антиоксиданти кои го подобруваат липидниот профил и го намалуваат таложењето на маснотиите. Во следните редови откриваме како да ги користите за да ги изгубите несаканите килограми.

„Chia“ во превод значи сила. Овие ситни зрна со право го добија своето име затоа што на вашето тело му даваат многу повеќе сила од кој било друг вид семе. Тие секогаш мора да се потопат во вода пред консумирање, и бидејќи немаат силен вкус, тие можат да бидат совршен додаток на секаков вид храна. Чиа семето помага да се исфрлат токсините од телото и да се изгради чиста мускулна маса. Исто така, нивниот внес го намалува воспалението во организмот и го подобрува целокупното здравје.

Колкава количина на чиа семе треба да јадете?

Нутриционистите советуваат да не се консумираат повеќе од 2-3 лажици од овие семиња на дневно ниво. Не се препорачува претерување со овие семиња дури и ако навистина сакате брзо да изгубите вишок килограми, бидејќи наглото слабеење може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

ЛЕДЕН ЧАЈ СО ЧИА СЕМЕ – За да го направите овој освежителен пијалок, потребни ви се 2 лажици семе од чиа, 1 филтер кесичка зелен чај, 1 чаша вода, еден лимон и коцка мраз. Пред сè, треба да натопите семе од чиа во чаша вода. Од друга страна, ставете вода да зоврие и потоа кога ќе се олади малку, додадете зелен чај. Во бокал измешајте го чајот и чиа семето исцедете еден лимун и пијте го овој чај во текот на денот.

СМУТИ СО ЧИА СЕМЕ – За да го направите ова фантастично смути, ќе ви требаат 1 банана, 1 чаша боровинки, 2 лажици семе од чиа, 1 лажица грчки јогурт, 1 чаша млеко од соја. Треба да ја излупите и исечете бананата пред да ја ставите во блендерот со сите други состојки. Блендирајте додека не добиете соединета смеса: Ова е одлична замена за појадокот. На здравје!

ПУДИНГ ОД ЧИА – За да направите чиа пудинг, ќе ви требаат 1 чаша бадемово млеко, 3 лажици семе од чиа, 2 лажици мед, половина лажичка екстракт од ванила и половина лажичка рендано морско оревче. Потопете го семето во вода и измешајте ги сите други состојки одделно во мала тегла. Кога семето ќе ја апсорбира водата, истурете ја во теглата со другите состојки и оставете го во фрижидер најмалку 2 часа за да формира густа текстура налик на гел.

Можете да бидете креативни и со секаков вид на овошки и зеленчуци секојдневно да си подготвувате здрав чиа појадок кој ќе ги намалува килограмите.

Поврзани статии

Back to top button