ЖивотУбави совети

Есенски куглоф со јаболки и суво грозје

Ви се јаде нешто слатко?

Потребни состојки:
3 јајца
700 гр јаболка
100 гр шеќер
100 мл јогурт
50 мл маслиново масло
150 гр брашно
2 полни лажици гриз
100 гр суво грозје
кора од лимон

Подготовка:
Јајцата се матат со шеќер, се додава брашното со гриз и прашокот за пециво, маслото, јогуртот, сувото грозје и кората од лимон. Јаболката убаво измијте ги, исечете ги на коцки. Куглофот можете лесно да го премачкате со масло и на дното да ставите исечени јаболка. Додадете го тестото, а потоа расфрлете половина од сувото грозје. Повторно наредете јаболки над тестото, а потоа прелијте го другиот дел од тестото во кој претходно сте го измешале остатокот од сувото грозје. Израмнете и печете на 200 степени околу 50 минути. Оставете го колачот целосно да се излади.

Поврзани статии

Back to top button