ЖивотУбави совети

Едноставен, а најдобар пијалок за топење масти!

Ако одлучивте да почнете да се храните поздраво и да вежбате повеќе околу два месеци пред летната сезона, овој одличен пијалок, за кој експертите тврдат дека е најдобриот начин за топење на вишокот маснотии во телото, може да ви помогне во тоа.

Потребни состојки:
1 литар вода

1/2 грејпфрут

1 мандарина

1 краставица

4 до 6 поголеми листови нане

мраз

Подготовка:
1. Грејпфрутот и мандарината се лупат и се сечат на кришки, а краставицата се сечка на прстени.

2. Сите состојки се ставаат во бокал со вода и се оставаат во фрижидер.

3. Оставете преку ноќ да отстои.

4. Напитокот се промешува наутро и се пие во текот на денот.

Сите овие состојки имаат свои интересни придобивки: од стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, забрзување на потрошувачката на калории, намалување на надуеноста и зголемување на чувството на ситост и смирување на желудникот.

Поврзани статии

Back to top button