Една работа никогаш не треба да ја подарите на саканата личност: се верува дека тоа ќе донесе раскинување
Според некои верувања, никогаш не треба да се купува овој подарок за саканата личност бидејќи тоа може да доведе до крај на љубовта.
Иако ви се чини дека рачниот часовник би можел да биде импресивен подарок што човекот секогаш ќе го носи со себе, можеби е подобро да се одлучите за нешто друго.
Верувањата велат дека ако девојката му подари часовник на дечко, или тој и подари часовник, тие ќе раскинат. Часовникот го претставува одбројувањето до раскинувањето, а поради ова верување треба да избегнувате да го купувате овој предмет како подарок за саканата личност.
Исто така, се верува дека стрелките на часовникот можат да ја отсечат среќата и љубовта кои постојат во врската и на тој начин да влијаат на разделбата на партнерите.
Се верува дека часовниците привлекуваат зли духови кои предизвикуваат кавги и разделување на партнерите.
Ако вашиот партнер навистина сакал часовник, препорачливо е да му дадете пари за да може сам да си купи часовник.
Исто така, се верува дека не треба да се подаруваат стари работи, антиквитети или половни работи бидејќи имаат лоша енергија која се пренесува на оној што го добива подарокот.