ЖивотУбави совети

Една недела на море прави чуда на вашиот организам!

Главен муабет преку летниот период е “Каде и кога на одмор”. Сите сакаме да уживаме во прекрасни глетки и убави пејсажи. Погледот кон водата и морскиот воздух се навистина добри за нашата душа и за нашето тело. Морскиот третман за лекување се практикувал уште пред 2500 години.

Летувањето на море ќе придонесе да изгубите од тежината и целулитот, ќе се наполните со позитивни мисли и идеи и најважно е што морето ќе ве надополни со Витамин Д.

Морската вода корисна е за лекување на состојби како што се егзема, артритис, астма, псоријаза, болки во грбот, белодробни заболувања и гинеколошки проблеми. Докажано е дека морската водата го забрзува заздравувањето на раните, се спречуваат инфекциите и ја намалува болката.

Морската вода содржи витални елементи.

Сончањето ни го збогатува телото со Витамин Д.

Уживањето во морето го ублажува стресот.

Морскиот воздух е богат со негативни јони.

Морската вода стимулира детоксификација.

Летувањето покрај море ќе ве охрабри за нови предизвици и животни достигнувања.

 

Поврзани статии

Back to top button