Од насУбави муабети
Единствено преку љубовта можеме да се осветиме – Епископ Партениј, игумен Бигорски
- Доколку сакаме да им помогнеме на нашите млади да ја спознаат непроценливата убавина на животот во Христа, неопходно е најпрво ние да се бориме со сопствените страсти. Единствено така ќе можеме да им помогнеме и на тие околу нас. Ова особено важи за родителите од денешно време, зашто денес во семејствата нема веќе баби и дедовци задоени со духот на Христијанството, како порано кога тоа беше општествена философија на живот. Некогаш, нашите предци, во преносна смисла, биле како древните спартанци, еден вид силна духовна војска што го победувала злото на овој свет. Од најмали години биле воспитувани во подвигот на верата и поучувани во начините на борба против духовниот непријател. Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост. Воздржанието и молитвата биле нераскинлив дел од секојдневието на обичниот човек. Постојан подвиг. Пост, не само од храна, туку, пред сѐ, од гревовните навики и страстите, заради Господа. И накрај, најважното – молитвата. Радувајте се секогаш! Молете се постојано! – советува Светиот Апостолот Павле (1. Сол. 5,16-17). Човек треба постојано да пребива во молитва, а кога ќе стане родител, должен е и своето дете да го научи на вера, на подвиг и молитва. Само така неговото чедо ќе биде духовно здрава личност. Оти, во спротивно, доколку допушти во него да се развијат страстите, тие ќе направат страшна пустош во неговата душа, а тоа, пак, мошне лошо ќе се манифестира и врз телесното здравје.
- Во нашево време гледаме дека, за жал, ние, Христијаните, во голема мера сме се изместиле од евангелската траекторија. Последица на тоа е загрижувачкото застранување на младите. Голем дел од нив просто не знаат каде одат во животот, зашто, немајќи Го Христа во себе, немаат темел на своите животи и тие стануваат бесцелни за себе самите, мрачни и нихилистички настроени. Мислам дека сите ние сме сведоци за духовната ерозија што се случува денес со европската цивилизација. Деновиве читав за една анализа што ја направил еден американски институт, во која се вели дека во Европа сè повеќе се намалува бројот на Христијаните. Меѓу другото, една од причините е драстично намалениот наталитет кај Христијаните, за разлика од припадниците на други религии. Зошто? Затоа што Христијаните Го напуштија Христос. А кога темелите на една зграда ќе ослабнат, нејзината статика се нарушува и таа ќе почне да се распаѓа. Темелот, пак, на сета европска култура беше, рековме, Христос Бог. Многу европски народи, претходно примитивни и неписмени варвари, токму преку Христа и со Христа станале писмени и културни. А денес? Денес повеќе не им треба Христос. Затоа, како резултат на тоа, европските општества духовно и културолошки се уназадуваат, се враќаат кон паганството, кон примитивизмот. Гледате, на пример, дека бракот во Европа е речиси целосно распаднат. А кога основната клетка ќе се разболи, неминовно ќе се инфицира и целото општество, во сите негови сфери. Бракот е, пред сè, Божествена институција и е цивилизациска придобивка на Христијанството. Христос е создател на правилното, богоблагословено семејство. Во ниедна друга религија претходно, а ни потоа, бракот не беше дефиниран како соединување во Божјата љубов на еден маж и една жена.
-
Да ги поднесуваш слабостите на другите, да го носиш другиот кога му е тешко, кога е нервозен, е голема работа. Кога гледаш дека тој лесно може да направи, или веќе направил проблем, тогаш износи го, тоа е многу важно. Господ сака да бидеме такви. Впрочем секогаш кога треба да правиме жртва за другите, да ги љубиме, и да остануваат рани не е важно, тие нека бидат белег за нашата љубов, како Господовите рани на Крстот. Оти Неговите рани се белег за Неговата љубов кон нас…..(Да ги поднесуваш слабостите на другите, да го носиш другиот кога му е тешко, кога е нервозен, е голема работа. Кога гледаш дека тој лесно може да направи, или веќе направил проблем, тогаш износи го, тоа е многу важно. Господ сака да бидеме такви. Впрочем секогаш кога треба да правиме жртва за другите, да ги љубиме, и да остануваат рани не е важно, тие нека бидат белег за нашата љубов, како Господовите рани на Крстот. Оти Неговите рани се белег за Неговата љубов кон нас…..
-
Единствено преку љубовта можеме да се осветиме. Во животот, дури и кога сме нападнати, наклеветени или онеправдани, ние не смееме да возвраќаме со зло.Сетете се што се случи со Апостолот Петар во Гетсиманската градина, кога со нож го удри слугата на еден од Христовите непријатели. Тогаш Господ Христос му рече: Врати го ножот во ножницата. Зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат (Матеј 26,52).Гледате, Господ сака Христијани коишто на злото нема да возвраќаат со зло, туку со љубов и проштавање ќе го преобразуваат злото; Христијани кои се распнуваат за Црквата.Такви нѐ сака Бог – да се распнуваме за Телото Негово, да се жртвуваме за Црквата Негова.На Господ, значи, Му требаат распнати Христијани, полни со љубов и прошка, вистинска сол на земјата, а не Христијани распнувачи, коишто сакаат со прст да покажуваат на другите и да осудуваат.Епископ Партениј, игумен Бигорски