Еве зошто треба да јадете дуњи
Дуњите се сметаат за добро лековито овошје. Лековити се плодовите, листот и семето, а од плодот особено сокот и сирупот. Благодарејќи на танинот и на слузта, поволно влијае на работата на цревата и корисна е за спречување инфективни болести. Сокот од дуња сварен со исто количество шеќер помага кај упорна кашлица, астма и кај акутна дијареа. Печена дуња се препорачува кај воспаление на желудникот и цревната слузокожа, но исто така и за лекување анемија. Чајот од цветовите на дуњата помага за смирување кашлица. Чајот од семките од дуња влијае смирувачки, ја отстранува несоницата, како и лошиот мирис од устата. Освен со минерали и големи количества масти, таа е богата и со протеини, јагленохидрати, диетални влакна, но содржи и многу танински материјали и пектини исто така. Од витамините најмногу има витамин Ц, но и завидни количества каротен, витамин Б1, Б2 како и ниацин. Од минералите најзастапени се калиумот, магнезиумот, натриумот, железото, сулфурот и хлорот. Семките од дуња содржат дури и 15 отсто масло и завидни количества од витаминот Б17, кој има антиканцерогено дејство. Семките се богати со танин, масти, пектин, шеќери, јаболкова киселина и емулзин.