Еве зошто да го посетите Катлановскиот Бањски комплекс!
Предностите на Катлановските бањи треба да се видат и доживеат. Катлановска Бања се наоѓа на околу 25км од Скопје, во непосредна близина на Катланово, на десниот брег на реката Пчиња, на 230м надморска височина.
Има повеќе извори и бројни пукнатини од кои избиваат пареа и топла вода. Температурата на водата се движи околу 50 целзиусови степени. Според хемискиот состав, водите се алкални, земноалкални и сулфурни хипертермални. Погодни се за лекување на црнодробно-жолчниот систем, за дишниот систем, за метаболизмот, за стомачниот цревен тракт, за срцеви и крвни заболувања.
Бањскиот комплекс е опремен со туристичко, угостителски и здравствени објекти, со карактеристики за комбинирани видови туризам (здравствен, рекреативен, спортски, риболовен и ловен). Уште една интересна работа за Катлановското Блато е дека е познато по птиците што напролет поминуваат токму од тука.