Ако сакате прекрасен и впечатлив сјај на вашата коса направате домашен шампон според следниов рецепт
Ако сакате прекрасен и впечатлив сјај на вашата коса направате домашен шампон според следниов рецепт.
Измешајте две жолчки од јајце, една белка, една лажичка мед и сок од еден лимон. Доколку имате многу сува коса на оваа смеса може да додадете и 5мл масло од пченични никулци. Добро втријте го шампонот. Оставете да дејствува од 5 до 10 минути а потоа убаво исплакнете ја со поладна вода од вообичаено.
Ако сакате поголем волумен на косата, а немате време и нерви за витлери тогаш косата сушете ја со четка низ која струи топол воздух. Првин подсушете ја со фен, со главата наведната надолу, потоа обликувајте ја со голема четка и топол воздух. Постапката е лесна и и дава бујност на долгата коса.
Ако косата ви е сува и безживотна ќе и годи пакување под фолија. Две лажици бадемово, чичково или маслиново масло втријте ги убаво во косата. Завиткајте ја во фолија а одозгора ставете пешкир. Оставете да дејствува маслото барем два часа. Потоа косата добро измијте ја. Користете шампони кои содржат витамини, протеини и хранливи масла.
Ако косата ви е кадрава и малку нескротлива. За да не ви изгледа неуредна пред обликувањето на фризурата на влажна коса ставете малку крем за коса или некој универзален крем. Повремено ставајте и пакувања за коса кои се на база на масло. Со прсти расчешлувајте ја косата за да не ги загубите локните.
Ако имате проблем со првут. Само што ќе ја измиете косата втријте сок од половина лимон на коренот и на скалпот и масирајте нежно. Оставете ја косата да се исуши сама. Никако не ја сушете со фен, не ја плакнете и не држете ја во пешќир. Лимонот ќе го отстрани првутот. Со оваа постапка ќе го намалите и брзото мрсење на косата. Со редовно повторување на постапката косата ќе престане и да опаѓа.
Ако косата ви е мрсна. Сварете листови од коприја, процедете ги и додајте рицинусово масло. Два пати неделно мачкајте го коренот на косата и оставете да дејствува преку целата ноќ.
Ако сакате блескава и здрава коса. Ставете една рака исецкан свеж магдонос во малку вода и оставете го да врие 5-10 минути. Кога течноста ќе стане зелена процедете ја и оставете ја да се олади. Измијте ја косата со оваа благотворна течност.