Домашна маска за лице од круши за свеж тен
Експертите за убавина одамна откриле дека крушата има хранливи состојки кои помагаат кожата да изгледа здраво и убаво, па не е ни чудо што одредени состојки во ова овошје се клучни во многу козметички препрати.
Крушите се исклучително богати со витамин А, кој ја храни кожата, го смирува црвенилото, ги ублажува ефектите од стареењето и го прави тенот – нежен и сјаен.
За да го подобрите изгледот на вашето лице, направете си домашна маска од круша. Потребна ви е една мала круша и две лажици лимонов сок. Крушата изблендирајте ја, но нека не биде ептен течна смесата, туку малку погуста. Помешајте со лимоновиот сок. Намачкајте ја смесата на лицето и вратот кои претходно добро и темелно ќе ги исчистите со тоник, па оставете ја маската да делува петнаесетина минути. Потоа, исплакнете го лицето со млака вода. Практикувајте да ја ставате ова маска еднаш неделно и за помалку од месец дена ќе забележите позитивни промени на вашето лице.