ЖивотУбави совети

Домашен сладолед без шеќер и млечни производи!

Ако сладоледот е едно од вашите омилени слатки задоволства, вие сте на вистинското место! Ви претставуваме вкусен, кремаст и неодолив сладолед, без шеќер и млечни производи.

Не само што е поздрав, туку има и совршен вкус. Значи, идеално сладоледче во кое можете да уживате без да се грижите за килограмите.

Вегански кето сладолед
Состојки:

400 мл кокосово млеко од конзерва

8 лажици путер од бадеми

малку сол

1 лажица екстракт од ванила

8 лажици стевија

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги сите состојки во мешалка и изблендирајте додека не се соединат во кремаста смеса.
  2. Додадете повеќе стевија, сол или ванила по вкус.
  3. Истурете ја целата смеса во сад со капак. Чувајте го во замрзнувач најмалку два часа пред да го послужите.

Совет плус:

Ова е основниот рецепт за сладолед, а по желба и вкус, можете да додадете кокос или овошје по ваш избор во смесата.

Поврзани статии

Back to top button