Домашен производ – како од шега го чисти шпоретот!
Доколку не знаете како да се справите со наслагите од нечистотија и маснотијата на шпоретот, постои едноставно и практично решение кое нема да ве чини ништо.
Овој производ навистина чисти подобро од кој било производ купен во продавница, а не содржи опасни хемикалии и нема да го „разреди“ вашиот паричник.
Сè што ви треба се следните три ситници (и повеќето домаќинства веќе ги имаат):
– памучна крпа
– стара четка за заби или жица за чистење
– алкохол
Доволно е да нанесете алкохол на крпа и да го поминете преку шпоретот или рерната. Исто така, ако површините се екстремно валкани, подобро е да ги испрскате нечистотиите со алкохол, оставете го да отстои, а потоа избришете го со крпа.
Ако дамките не исчезнале, повторно испрскајте ги со алкохол, а потоа исчистете ги со жица или четка за заби и потоа избришете ги.
Овој метод е лесен и дава докажани резултати – вашата кујна ќе блесне како никогаш досега.