Штом еднаш влезат во врска, тешко им е да излезат од неа…
Љубовта е крајниот израз на емоциите кај овие мажи. Мажот Вага во љубовта е непоправлив романтичар, тој сака да биде вљубен. Мажот Вага, кога е вљубен, се однесува како да ја нашол тајната на совршена хармонија.
Лесно се вљубува, но кога е веќе во љубовна хармонија не се препушта на нешто трето. Кога ќе каже дека ќе ви се јави, навистина ќе се јави. Фер играч е мажот со овој хороскопски знак, затоа понекогаш е и повреден од другата страна. Штом еднаш влезат во врска, тешко им е да излезат од неа. Бидејќи брзо се врзуваат за партнерката тие се способни многу да истрпат и направат за да опстане врската и да трае долго.
Умеат да одржуваат рамнотежа во врската и да сакаат искрено. Доволно е само да им дадете шанса, а тие ќе ви покажат дека се најфер играчи во врската. Не прашувајте го дали вашиот задник изгледа поголем во новите фармерки, со сигурност ќе добиете брутално искрен одговор! Препуштете му се, оти тој умее да ја води врската во добар правец!