Диета со млечни прозиводи за брзо губење на килограми!
Брза загуба на килограми може да се постигне со исхрана базирана на млечни производи. Млекото е добро за намалување на килограми, бидејќи има комбинација на витамин Д и калциум, што прави да се чувствувате заситени, па да не копнеете за ужинки. Од друга страна, витаминот Д е докажано дека помога на телесната тежина.
Млекото, исто така, содржи витамини А, Б, Ц, Е и многу минерали и протеини. Се користи како лек во помошна терапија на многу болести. Ако секојдневно пиете млеко се намалува холестеролот во крвта, се зајакнуваат коските, се стабилизира нервниот систем, се нормализира функцијата на цревата и се подобрува микрофлора на дигестивниот систем. Оваа диета, исто така, позитивно влијае на кожата.
ПРВ ДЕН
Појадок: јогурт, банана, чај со мед или кафе со млеко, без шеќер.
Ужина: круша, јогурт.
Ручек: 100 грама овесна каша во млеко, 200 гр сирење, чаша млеко.
Вечера: варено јајце, салата од краставици и павлака или младо сирење со овошје, чаша кисело млеко.
ВТОР ДЕН
Појадок: чаша млеко (минимум 250 мл), еден тост леб со путер, чај со мед или кафе со млеко, без шеќер.
Ужина: овошен јогурт.
Ручек: тост со 20 грама сирење и едно јајце, јогурт.
Вечера: пилешки гради, јогурт или чаша чоколадно млеко по вечерата.
ТРЕТ ДЕН
Појадок: кафе со млеко или само млеко и интегрално колаче.
Ручек: кисело млеко со мусли, до три чаши.
Вечера: салата од макарони со кисело млеко или сирење.