Тест: Дали стресот му се заканува на вашиот организам?
Секојдневните оптоварувања претставуваат стрес за вашиот организам. Кога траат подолго време, организмот ги исцрпува своите одбранбени способности и почнуваат да се јавуваат психички пречки и проблеми во работата на одделни органи. Многу е важно да се препознаат симптомите на стресот и навреме да се дејствува. Одговорете на следниве прашања за да знаете дали стресот почнал да му се заканува на вашиот организам.
- Дали сте често вознемирени без вистинска причина?
- Дали ве обземаат разни стравови?
- Дали ве обзема чувство на тегобност?
- Дали сте раздразливи?
- Дали во последно време тешко се концентрирате?
- Дали забележувате засилено потење?
- Дали повремено имате забрзан пулс?
- Дали ве мачи желудникот?
- Дали заспивате тешко или можеби имате проблеми со сонот?
- Дали се будите изморени и исцрпени?
Ако на повеќето прашања сте одговориле потврдно, стресот станал дел од вашиот живот. Но, не дозволувајте и на стресната ситуација да ве скрши. Научете да го избегнувате и контролирате стресот пред да почне тој да ве контролира вас.
Научете и прифатете дека од секое зло има и поголемо зло.
Не плашете се од грешките што ги правите, туку поправајте ги.
Не смеете да му робувате на успехот по секоја цена, најдете уште некоја смисла и мотив за живеење.
Занимавајте се со спорт.
Натерајте се да одвоите време за пауза што ќе биде исполнета само со убави мисли.
Обликувајте се себе си според сопствените желби, а не според желбите и очекувањата на другите.
Запознајте се себе си, својот биоритам, и користете ги функционално своите подеми и падови на енергијата.
Кога сте на работ на паника, само запрете и вдишете длабоко. Така моментално ќе ја разградите натрупаната напнатост.